Промени тема
Контакт

Транспарентноста и стандардизацијата се клучни за ефикасно и одговорно работење на институциите, вели Грковска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
04062022_ZPVRSM_Kanal-77_1

Транспарентноста кај сите институции мора да се зголеми, сите одлуки, решенија, политики што институциите ги носат мора да бидат јавно објавени и достапни за граѓаните. Заедно со Агенцијата за слободен пристап до информации од јавен карактер правиме анализи за начинот на кој може да се подобри Законот за слободен пристап од јавен карактер, за сите институции да бидат обврзани да направат листа на сите документи што ќе ги објавуваат на своите веб страници. Ова го соопшти заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска во денешното гостување на Радио Канал 77, каде нагласи дека транспарентноста на институциите мора да се зголеми.

Во однос на работата на инспекциските служби, вицепремиерката Грковска информираше дека нејзиниот Кабинет го обезбеди кодот за Е-инспектор, кој со Одлука на Владата е даден во владение на Инспекцискиот совет.

— реклама —

„Ова значи дигитална организација на инспекциските служби. Во таа смисла се намалува субјективното влијание кога и каде ќе се постапува, се обезбедува поврзаност на инспекторатите кои треба заедничка да постапуваат, се подобрува координацијата. Алатката Е-инспектор Инспекцискиот совет треба да ја имплементира во уште 13 инспекциски служби“, најави Грковска.

Во делот на јавните набавки, вицепремиерката нагласи дека мора да се работи на стандардизација на сите процеси, вклучително и во јавните набавки.

— реклама —

„Транспарентноста и стандардизацијата се клучни за ефикасно и одговорно работење на институциите. Еден од стандардите е почитување на моделите на техничките спецификации за јавни набавки. Ние сите сме сведоци при објавување на тендер кога ќе се објави техничката спецификација посочува на одредена компанија. Тоа мора да се надмине. Во БЈН постои софтверско решение кое алармира за одредени неправилности, но неопходно е унапредување на системот“, додаде Грковска.

— реклама —

Таа потенцираше дека за унапредување на системот за јавни набавки разговарала и со претседателот на Државниот совет на Италија Франко Фратини, кој информирал дека нивниот систем за избегнување на злоупотреби во јавните набавки е напреден и може да биде модел и за нас.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања