Од како во една телевизиска емисија одговори дека вестите дека бил осуден во САД се неточни и дека се работи за друго лице со исто име и презиме, првиот човек на партијата „Интегра“ ќе мора да ја коригира биографијата која е објавена на нивниот официјален сајт.

Во биографијата на ристески стои дека во Владата се ангажирал во 2002 година, а во периодот од 1997 година до 2002 година се занимавал со приватен бизнис, но не е наведено каде живеел и каде го обавувал бизнисот.
Ристески одговарајќи на прашањето околу ова рече дека тоа е друг човек со исто име и презиме кој бил угледен бизнисмен, дека тие го нашле човекот, дека го откупиле неговото досие и дека дури осудениот за фалсификување документи го поканале да дојде во Македонија.
„Скопје 1“ неколку пати се обиде да добие јасен став од Ристески за тоа дали биографијата е погрешна или пак греѓшката е во изјавата дадена во емисија во живо, но и на последниот обид од негова страна ни беше одговорено дека нема што да додаде од тоа што го кажал во емисијата на Телма.