Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Требаше да се случи криза, за политичарите да сфатат колку е важно да се инвестира во енергетски капацитет, вели Бислимоски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
Screenshot-2022-09-01-at-12.37.04

Регионот ја преброди енергетската криза со капацитети изградени од времето на поранешната држава Југославија. Требаше да се случи криза, за политичарите да сфатат колку е важно да се инвестира во енергетски капацитет кои се дефинираат како стратешки истакна Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) на панелот „Како да се стигне до ветената земја на зелена енергија“ што е во рамките на меѓународниот настан „Лидерски дијалог во Југоисточна Европа “ 2023 Beyond International Expo, што се одржува во Солун, Грција.

— реклама —

„На крајот од кризата можеме да заклучиме дека стабилноста во испораката не беше доведена во прашање, туку цена која беше неколку кратно зголемена на берзите беше клучен тригер за компаниите да започнат со агресивното инвестирање во обновливи извори. За само една година, инсталираниот капацитет преку приватната иницијатива е зголемен за 8 %, а ова година очекуваме да стигне и до 15%. Елдорадото на инвестиции во обновливи извори ја намали увозната зависност на земјава која од 30 %, сега е намален на само 11 %“ изјави Бислимоски.

— реклама —

Соговорниците од енергетскиот сектор, меѓу кои и универзитетските професори како и високи политички претставници од земјите од регионот се сложија дека кризата ја „разбуди“ Европа која пак подготви економски - инвестициски план со фокус на енергетиката и финансиски пакет за поддршка за економиите за амортизација на ефектите од енергетската криза кои се директна последица од војната.

— реклама —

„ Ние, како држава имплементиравме се што бара Европската унија од нас кога е во прашање енергетиката, затоа верувам дека ЕУ драматично ќе ја зголеми финансиската поддршката кон земјите од Балканот.“ изјави Марко Бислимоски, претседател на РКЕ.

— реклама —

Меѓународниот настан „Лидерски дијалог во Југоисточна Европа “ 2023 Beyond International Expo, се одржува од 24 до 26 мај во Солун, Грција.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања