Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Тренчевска: „Црвен Крст“ – наши верни партнери во грижата и хуманоста

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија


Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска  беше дел од говорниците кои ја отворија промоцијата на Развојната рамка на Црвен крст на РСМ “Трансформација – 28”. Воедно Тренчевска беше дел и од панел дискусијата “Градење на здраво и безбедно општество и потребата од ефикасно мобилизирање на ресурси за одговор на современите хуманитарни предизвици”.

— реклама —


Тренчевска на панел дискусијата зборуваше за услугите кои ги спроведува Министерството за труд и социјална политика и за начините на кои министерството ги доближува услугите до граѓаните.

— реклама —


„Јас би се навратила на социјалната реформа која ја направивме во 2019 година. Процесот на имплементација на реформата особено во делот на испораката на социјалните услуги, со што се овозможи вклученост на општините во планирањето, развојот и давањето на социјални услуги на локално ниво, во соработка со лиценцирани даватели на услуги“ рече Тренчевска.

— реклама —

Во однос на соработката на министерството и Црвениот Крст министерката истакна дека за неа е најважно услугите подеднакво да стигнуваат до сите граѓани, истакнувајќи дека Црвениот Крст е главен партнер во исполнување на таа цел.


„Волонтерите се наши пријатели со кои ги спроведуваме заедно активности во Центрите за активно стареење. Заедно спроведуваме активности во Центарот за активно стареење во Чаир, додека пред некој месец го отворивме и Центарот за активно стареење во Општина Босилово“ посочи Министерката.

— реклама —

На крајот од панел дискусијата министерката истакна дека министерството не ги поддржува само заедничките проекти туку и оние кои Црвениот Крст ги спроведува индивидуално како што е иницијативата „Итно копче“. Посочувајќи дека не е важно кој е имплементатор или кој ги спроведува услугите затоа што единствената цел е задоволството на граѓаните и одговорот на нивните потреби.


Со Организациите на Црвен Крст, Министерството за труд и социјална политика до сега вкупно има склучено 18 договори за грант и со истите се развиени услуги ( помош и нега во домот, лична асистенција, дневен престој за стари лица со активно стареење) кои заклучно со месец август ги имаат добиено 1043 корисници.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања