Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Тренчевска: Оваа влада им заврте грб на работниците, ги осиромашивте за само две години

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
media-librarybg2m2d9uoo61cgSXoK6

Пратеничката и потпретседателка на СДСМ, Јована Тренчевска, на денешната собраниска седница за пратенички прашања го обвини министерот за економија и труд Бесар Дурмиши дека Владата не презема доволно мерки за подобрување на животниот стандард на граѓаните и за заштита на работниците, посочувајќи дека минималната плата не е зголемена на 600 евра и дека нема пакет мерки за социјално ранливите категории.

— реклама —

Таа истакна дека, според неа, македонските работници се соочуваат со пад на животниот стандард и дека нивниот труд не е соодветно вреднуван, особено во услови на зголемени цени на основните производи. Тренчевска оцени дека владините мерки се задоцнети и недоволни, наведувајќи дека поскапувањата на храната и енергенсите директно го оптоваруваат семејниот буџет.

— реклама —
— реклама —

Во своето обраќање, таа се повика и на податоци за состојбата со државниот буџет, тврдејќи дека дефицитот е значително зголемен и дека реализацијата на приходите е ниска, што, како што рече, доведува до дополнително задолжување. Според неа, тоа е причина зошто не се прифаќа предлогот за минимална плата од 600 евра и зошто не се воведуваат пообемни антикризни мерки.

— реклама —

Тренчевска го праша министерот дали причината за отфрлање на зголемувањето на минималната плата и за немањето нов пакет мерки за ранливите категории е недостиг на средства во буџетот и продлабочен дефицит, оценувајќи дека Владата не успева да одговори на економските предизвици.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarys6frmhagbv265B1AFVa

Тренчевска: Во Владата има министри со бугарски пасоши, дали ќе ги внесете Бугарите во Устав

Македонија | пред 6 месеци

— реклама —
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања