Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Тренчевска: Препораките од тимот експерти на МОТ, ќе придонесат за унапредување на процесите во државата во областа на трудот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија


Економско-социјалниот совет денес ја одржа 14-та седница, на која покрај претставници на членовите на ЕСС, редовно присуствуваат и претставници на не репрезентативните синдикати.

— реклама —


Оваа седница имаше за цел презентација на препораките и заклучоците на тимот експерти од Меѓународната организација на трудот (МОТ) и експерт за слобода на здружување, известува МТСП.

— реклама —


Во рамките на Мисијата за директен контакт, тимот експерти во текот на неколкудневната посета на земјава оствари серија на состаноци со државни институции, претставници на синдикатите, работодавачите, Државниот инспекторат на трудот, Правобранителот, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и други организации кои работат во областа на трудот.

— реклама —

Целта на состаноците беше да се согледа примената на Конвенцијата за правото на организирање и колективно договарање, 1949 година (бр. 98) од страна на Република С. Македонија во закон и пракса, идентификување на предизвиците и поддршка во примената на препораките на Комитетот за примена на стандардите.


Еден од заклучоците на тимот експерти е дека, Република Северна Македонија е една од малкуте земји која ги има ратификувано сите конвенции за слобода на здружување и колективно договарање. МОТ останува поддржувач на земјата во понатамошните процеси како зајакнување на социјалниот дијалог, колективното договарање и при носењето на реформи во областа на трудот вклучително и новиот Закон за работни односи, се наведува во соопштението на МТСП.

— реклама —

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска како претседавач на Економско – социјалниот совет се заблагодари на тимот експерти за нивната посветена работа и изрази увереност дека донесените препораки ќе придонесат за унапредување на процесите во областа на трудот.


Притоа додаде дека Владата како и досега ќе продолжи со одржување на социјалниот дијалог во државата и се осврна на нејзината улога на флексибилен партнер помеѓу претставниците на работодавачите и работниците, со цел успешно решавање на важни економски и социјални прашања во државата од кои се засегнати сите граѓани.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања