Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Тренчевска: За Владата на Македонија, заштитата на основните човекови права е приоритет на кој во континуитет посветено работиме

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија


Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, во своето обраќање на настанот по повод промоција на проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“ ги истакна клучните сегменти кои преку овој проект ќе се опфатат, а се тесно поврзани со работата на Министерството.

— реклама —


„За Владата на Република Северна Македонија, заштитата на основните човекови права е приоритет на кој во континуитет посветено работиме. Но, посветената работа не секогаш нè заштитува од предизвиците што се нижат пред нас, особено на патот кон Европската Унија. Човековите права се фундаменталниот темел на Унијата, на европското семејство кон кое сакаме да припаѓаме“, потенцира Тренчевска.

— реклама —


Таа истакна дека проектот ќе придонесе во навремена подготовка на релевантните институции и нивните капацитети во процесот на разгледувањето на постигнувањата во Поглавјето 23 – Правосудство и фундаментални права од европското законодавство.

— реклама —

„Најважниот резултат од проектот, кој сигурна сум дека ќе го добиеме, е зајакнување на капацитетите на главните тела за човекови права во нашата држава бидејќи обезбедува алатки за основните човекови права, кои ќе станат достапни за јавните службеници и кои даваат насоки за применување и воспоставување на пристапот заснован на човекови права на стратешко ниво. Министерството за труд и социјална политика во својот мандат и надлежности обезбедува осигурување на почитувањето на низа човекови права. Тоа е чест, но и голема должност“, посочи Тренчевска.


Таа се осврна на темата за родово базираното насилство, која нераскинливо се поврзува со Министерството.

— реклама —

„Тоа влијае на исполнување на целосниот капацитет на жените, нивното вклучување на пазарот на трудот, нарушување на нивниот интегритет и уживање на добрата, кои може да ги даде нашата држава. Веќе подолг период работиме на подигање на свеста за насилството, меѓутоа не само физичкото насилство и сексуалното насилство, туку и препознавање на економското насилство, психичкото насилство и насилството преку интернет“, посочи Тренчевска.

Макфакс

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања