Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Трендафилов ги слушна проблемите на жителите од Љубаништа, Трпејца, Пештани и Елшани

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
56300184_2130460633741361_345774657221165056_n

Кандидатот за градоначалник од редовите на Граѓанско Демократска Унија, Михаил Трендафилов-Нанче, се сретна со жители на селата: Љубаништа, Трпејца, Пештани и Елшани.

— реклама —

Граѓаните од селото Љубаништа се пожалија на лошиот пат кој го поврзува Охрид со ова село, а исто така и со манастирот Св. Наум. Луѓето потенцираа на иселувањето на младите.

Жителите на Трпејца се пожалија за немањето на канализација и на фактот што 30 години претходните градски татковци им ветувале дека ќе го решат овој проблем, но досега се останало само на зборови.

— реклама —

Во Пештани како основни проблеми на жителите беа истакнати нефункционалниот колектор и канализацијата.

Жителите на селото Елшани се пожалија на неасфалтираниот пат до училиштето, тие ја истакнаа потребата од уште една трафостаница, исто така го напоменаа фактот дека патот за поврзување меѓу селата Елшани -Пештани е во лоша состојба и подвлекоа дека имаат проблем со водата и канализацијата. Жителите на селото Елшани побараа проширување на влезот на селото.

Михаил Трендафилов-Нанче им објасни на луѓето дека проблемите не можат да се решат со магично стапче, но им вети дека со домаќинско и одговорно работење истите можат да се решат чекор по чекор.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања