Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Трендафилов: „Немаме друга опција освен победата“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
IMG_5382

„Немаме друга опција освен победата“ - тоа им го порача на охриѓани кандидатот за градоначалник од редовите на Граѓанско Демократска Унија, Михаил Трендафилов- Нанче, се вели во соопштението од Граѓанско Демократска Унија- ГДУ.

— реклама —

На средбата со граѓаните која се одржа во ресторанот „Белведере“, Нанче беше дециден дека Охрид е прекрасно место во кое сите можат да живеат убаво, ако работат напорно и ако локалната самоуправа се грижи за своите граѓани. Нанче го нарече Охрид последниот бастион на Македонија, и истакна дека со неговата победа ќе им се покаже црвен картон на големите политички партии, кои и покрај тоа што имале 28 години да направат нешто за Охрид, не направиле ништо и на овие избори наместо визии и проекти, раскажуваат приказни за асфалтирани улици, реновирање на плоштади и други обврски, кои градоначалникот треба да ги извршува без поголема помпезност.

— реклама —

— реклама —

Пред присутните граѓани се обрати и претседателот на ГДУ, Петар Колев, кој го насочи своето внимание кон тоа зошто Михаил Трендафилов- Нанче е кандидат за Охрид. Колев, исто така им порача на младите да не забораваат дека Охрид мора да остане нивното место и мора да донесат одговорен избор за тоа кој ќе биде следниот татко на градот. Во своето излагање, Колев, го претстави Нанче како човек кој започнал од ништото и успеал да изгради свој сопствен приватен бизнис. Спомна за неговата посветеност во работата , способност и чесност со кои успеал да изгради авторитет и добро име пред неговите сограѓани охриѓани. Колев отворено им кажа на охриѓани дека тие најдобро го познаваат Нанче и ја побара поддршката за единствениот човек кој може да ја донесе преродбата во најубавиот македонски бисер.

— реклама —

Средбата во ресторанот „Белведере “помина во пријателска атмосфера во која сите присутни во отворен разговор можеа да ги претстават и да добијат одговор за своите проблеми. Кандидатот на ГДУ, не изневери на својот стил и со пријателски тон одговори на сите прашања, се вели во соопштението од Граѓанско Демократска Унија- ГДУ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања