Промени тема
Контакт
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“

Трет ден Моден викенд Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Магазин
DSC_5072

Скопје (04.11.2018) Студентите од Академијата за моден дизајн „Џолев и уметностите“ („Сивус едукативен и

развоен центар“ ) ги прикажаа своите финални колекции работени под менторство на дизајнерите Никола

Ефтимов, Никола Булески-Буле и Александра Јовановска, вчеравечер во „Скопје Мериот Хотел“.

Емануела Трајческа со колекцијата „Оклоп“, Натали Наумова со „Still“, Катерина Тошева со колекцијата

„Огледало“, Мила Спасовска со „Плима“, Марија Десподовска со „Movement“ и Сара Реџиќ со колекцијата

— реклама —

„Малиот принц“.

Познатиот бренд за италијански накит „SIGMA“ на вчерашната ревија ја донесе новата колекција насловена

„Future now“ која трасира нова љубов кон златниот накит, истакнувајќи го личниот стил, префинетоста и

елеганцијата на една жена.

„Визијата да се биде мост меѓу минатото и сегашноста е инспирација за новите парчиња уникатен златен

— реклама —

накит, почнувајќи од нови флорални елементи кои совршено се вклопуваат во традиционално-модерните

форми на накит до футуристички форми кои црпат мотив од основните форми во природата. Квалитетот и

напредната технолошка доработка се главните императиви при креирање на секое парче накит.“, велат од

„SIGMA“.

За прв пат на Моден викенд ги видовме „Matrons dresses“ и колекцијата за есен/зима 2018/2019 „Magical

feathers“ составена од 20 креации.

— реклама —

Третата вечер на осумнаесеттиот Моден викенд Скопје заврши со ревијата на Олгица Ѓоргиева и

колекцијата „Bridges“ поддржана од „БИСИ“, „Soul Kitchen Bar“ и „Bella Vista“. Креациите беа надополнети со

чевли од „Shevro“.

„Мостот е структура која е изградена преку железнички станици, реки, патиштата за да можат луѓето да

поминат од едно место на друго. Симболичното значење од многу аспекти е разработено на еден суптилен

— реклама —

начин во најновата колекција. Низ историјата па и денес, мостовите се конекција за многу работи во нашето

секојдневие: мост на пријателство, мост на љубовта, на емоции, мост со самиот себеси, мост на соработка ...

листата е долга.“, ќе рече за својата колекција Ѓоргиева.

Вечерва се затвора осумнаесеттото издание на Моден викенд Скопје со ревиите на „error kolektiv“ и

нивните три брендови: „Atami“, „Em Ellephantski“ и „[0.10] error of harmony“, Сара Реџиќ и Александра

Јовановска во „Скопје Мериот Хотел“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања