Промени тема
Контакт
Отворена сцена, музика, забава, подароци, разговори со Некст тајм, Пејчиновски, Кировски, Везилка 2
Отворена сцена, музика, забава, подароци, разговори со Некст тајм, Пејчиновски, Кировски, Везилка 2

Третиот ден од Божиќ: Свети Стефан – првомаченикот што ја запечати верата со крв

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Магазин
Kosta-cestitka-katoicki-bozik

Денес, на третиот ден од Христовото раѓање – Божиќ, православните христијани го празнуваат споменот на Свети архиѓакон и првомаченик Стефан, првиот што го положил животот за Христовата вера. На овој голем христијански празник именден празнуваат Стефан, Стефанка, Стефанија, Фанија, Фанка, Стојан, Стојанка, Стојмен, Стоичко и други изведени имиња.

Свети Стефан бил Евреин од еврејско потекло, роднина на апостол Павле и жител на елинските области. Тој бил прв меѓу седумтемина ѓакони што светите апостоли ги ракоположиле и ги поставиле да се грижат за сиромасите во Ерусалим, поради што бил наречен архиѓакон. Со силата на својата вера и дејството на Светиот Дух, Стефан вршел големи чуда и со мудрост и смелост ја проповедал Христовата вистина.

Неговата проповед наиде на жесток отпор кај тогашните верски старешини. Иако често се препирале со него, тие не можеле да се спротивстават на неговата мудрост и на силата на Духот што дејствувал преку него. Посрамени, прибегнале кон клевети и лажни сведоштва, обвинувајќи го дека хули на Бога и на пророкот Мојсеј.

— реклама —

Кога застанал пред народот, сведоштвата велат дека лицето на Стефан било озарено „како лице на ангел“. Во своето обраќање тој ги потсетил на бројните добрини и чуда што Бог му ги направил на израилскиот народ, но и на нивните постојани отпори и злосторства, особено на убиството на Исус Христос, нарекувајќи ги предавници и крвници.

— реклама —

Во мигот на најголемото противење, Стефан ги погледнал небесата и ја видел славата Божја, велејќи: „Еве, ги гледам небесата отворени и Синот Човечки како седи од десната страна на Бога“. Овие зборови ја разјариле толпата, која го извела надвор од градот и го каменувала до смрт. Меѓу присутните бил и Савле, неговиот роднина, кој подоцна ќе стане апостол Павле.

Според преданието, во далечина стоеле Пресвета Богородица и Свети Јован Богослов, кои со молитва го следеле мачеништвото на првиот сведок на Христовата вистина. Овој настан се случил една година по слегувањето на Светиот Дух врз апостолите.

— реклама —

Телото на Свети Стефан тајно го зел и го погребал Гамалиил, еврејски кнез и потаен христијанин. Така завршил земниот живот на првомаченикот, кој, според христијанската вера, се преселил во Царството на Господ Исус Христос, оставајќи трајно сведоштво за силата на верата и жртвената љубов.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања