Третообвинетиот за убиството на Никола Саздовски- Саздо е екстрадиран од Германија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
pravda-za-sazdo

— реклама —
Јетон Јужа, третообвинетиот за убиството на скопјанецот Никола Саздовски- Саздо член на навивачката група „Комити“, е екстрадиран од Германија. Јужа избега во Германија, а МВР веднаш го лоцираше, по што ги извести тамошните власти дека тој се наоѓа во Хамбург, а тие постапија по меѓународната потерница која беше распишана. Судската постапка што се водеше против Јужа за убиството на Саздовски беше прекината, а Обвинителството најави нејзино продолжување по неговата екстрадиција во Македонија. Јужа беше баран со потерница поради сторено убиство на свиреп начин.

— реклама —
„Против третото осомничено лице, за кое обвинителството исто така водеше истражна постапка за истото кривично дело како соизвршител заедно со двајцата сега обвинети, согласно член 300 од Законот за кривична постапка, надлежниот јавен обвинител донесе Наредба со која ја прекина истражната постапка. Имено, со оглед на тоа што трето осомничениот се уште е недостапен на државните органи, за ова лице за кое е распишана домашна и меѓународна потерница, истражната постапка ќе продолжи во моментот кога ќе биде достапно на државните органи“, објави Обвинителството пред две години, при поднесување на обвинението.

Саздовски беше убиен на 29 јуни 2018 година на автобуска постојка во Автокоманда. Две лица, Бесир Беља и Скендер Демири, во април минатата година беа осудени на по 19 години затвор.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања