Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Три активни пожари во Македонија, за 24 часа регистрирани 34 пожари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-librarym0gbv2rrvv9efdulnPo
Илустрација

Три пожари на отворен простор сè уште се активни во Македонија, додека седум се ставени под контрола, а 24 се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи.

Според податоците на ЦУК, во периодот од 8 до 9 септември, до 7:30 часот, биле регистрирани вкупно 34 пожари на отворен простор.

— реклама —

Активни се пожарите во општина Струга, на потегот Буринец – Локов – Селце – Елевци, каде што гори нискостеблеста шума, во општина Македонски Брод, кај селото Белица, на местото Кајорец кон селото Брезница, во близина на репетиторот, каде што е зафатена нискостеблеста и мешана шума, како и во општина Чучер-Сандево, кај селото Брест, на местото Рамно, каде што гори мешана шума.

— реклама —

Под контрола се пожарите во селото Бенче во општина Македонски Брод, каде што е регистриран шумски пожар, како и во Тајмиште, на местото Дарда, и над селото Кнежино, на местото Црн Камен, во општина Кичево.

Пожар под контрола има и во селото Печково во општина Гостивар, каде што гори ниска вегетација и нискостеблести растенија, над селото Стиник во општина Ново Село, во селото Бардовци во општина Карпош, каде што горело ѓубре, како и во селото Копаница во општина Сарај, каде што е зафатена шума.

— реклама —

Во изминатото деноноќие се изгаснати 24 пожари на повеќе локации низ земјата. Пожари се регистрирани и изгаснати во општините Ѓорче Петров, Сарај, Крушево, Долнени, Прилеп, Кривогаштани, Валандово, Росоман, Крива Паланка, Гостивар, Врапчиште, Боговиње, Тетово, Желино, Брвеница, Гази Баба, Студеничани, Јегуновце и Куманово.

— реклама —

Меѓу локациите каде што биле регистрирани пожарите се селото Сирково во општина Росоман, селото Осиче во Крива Паланка, селата Падалиште и Балиндол во Гостивар, селото Врапчиште, селото Синичане, селото Гајре и подрачјето во близина на Теќето во Тетово, како и селото Лопате во Куманово.

Пожари биле изгаснати и на повеќе депонии и места со отпад, меѓу кои во Идризово, Студеничани и Жилче, како и кај градските и Новите гробишта во Крушево и Прилеп.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryu3k3obm0rggs5FPIqHz

(Видео) Голем пожар кај Бит-пазар во Скопје: Горат магацини, интервенираат шест противпожарни возила

Скопје | пред 23 часа

— реклама —
media-librarychbf2bvu3go520Zb474

Гори депонијата во Еднокуќево, чадот се чувствува и во околината на Струмица

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryio3jm88ks09qdTwwYBA

Илјадници домови загрозени од шумските пожари во Калифорнија, двајца пожарникари повредени

Свет | пред 3 седмици

media-libraryk10rpevd6fliclod3wr

(Видео) Третпат опожарен приватен имот на шумочувар од Зелениково

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања