Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Три апсења на две граници и Аеродром: со лисици завршија Американец, Турчин, Косовец

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
guzva-granica

На 25.12.2023 во 03.30 часот на Граничен премин „Меѓународен аеродром Скопје“, полициски службеници го привеле Ј.Е.С. (23) од САД затоа што по извршена пасошка контрола било констатирано дека го пречекорил дозволениот туристички престој во државата. Тој бил предаден на полициски службеници за понатамошна постапка.

На 25.12.2023 во 15.50 часот на Граничниот премин „Деве Баир“, полициски службеници го лишиле од слобода Ј.A.(58) од Република Турција затоа што при гранична контрола на увид приложил фалсификувана зелена карта за осигурување за товарно моторно возило „форд“ со полуприколка со турски национални ознаки, кое го управувал. Тој бил предаден на полициски службеници од ОВР Крива Паланка за понатамошна постапка.

— реклама —

На 24.12.2023 околу 11.00 часот на Граничниот премин „Долно Блаце“, полициски службеници го лишиле од слобода Б.К.(31) од Косово затоа што гранична контрола било утврдено дека бројот на шасија на патничкото моторно возило „мерцедес“ со косовски национални ознаки, кое го управувал, бил фалсификуван. Тој бил предаден на полициски службеници за понатамошна постапка.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања