Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Три девојчиња биле демнети на Фејсбук, па станале жртви на демначот кој ги силувал - демнењето влегува во два закона

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија

Три малолетни девојчиња од Македонија во периодот од 2019 до 2020 година биле првин демнети на Фејсбук, а потоа станале жртви на демначот кој ги силувал повеќепати. Демнењето во нашите закони никаде не е спомнато и затоа се случува секому. Секој може да ве следи физички, но и онлајн, што е во страшен пораст во светот. Тоа секогаш е со некаква цел, праксата покажува дека покрај вознемиреноста и стравот, жртвата трпи и многу потешки последици, Објави sdk.mk. 

„Првата жртва била контактирана од страна на осомничениот преку социјалната мрежа Фејсбук. Осомничениот ѝ испратил порака дека за неа има слики со компромитирачка содржина, со закана дека ќе ги сподели јавно и со нејзините родители ако не се сретнат. За време на средбата, осомничениот со закани и наредби, ја принудил да се соблече и навистина ја фотографирал жртвата без облека. Потоа со закани и уцени во наредните три месеци постојано ја принудавал да се гледаат, кога и ја принудувал на сексуални односи, во спротивно ќе ги објавел фотографиите. Истото однесување, односно истиот начин на сторување на кривичното дело е пресликан и со втората и со третата жртва. Жртвите се фотографирани од страна на сторителот, извршена е обљуба и под закани и уцени и по извршување на кривичните дела, се принудувани да се гледаат со сторителот“, велат од Македонското здружение на млади правници, кои го работеле овој случај.

— реклама —

Демнењето, кривично дело кое досега го немаше во ниту еден наш закон, за првпат влегува во новиот Закон за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство. Демнењето се забранува, а тој што ќе демне и следи некого ќе се соочи со казна затвор до 3 години. Ако бил(а) во љубовна врска или во брак со жртвата, казната што се предвидува со измените на Кривичниот законик, е до 5 години затвор.

— реклама —

Текстот во целост на: sdk.mk. 

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања