„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Три до четири отсто од профилите или околу 90 милиони профили на Фејсбук се лажни

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Свет
facebook

Европскиот комесар за безбедносна унија, Џулијан Кинг, на денешната прес-конференција посочи дека според бројките на Фејсбук три до четири отсто од профилите на социјалната мрежа се лажни и побара од компанијата да преземе мерки против тоа, јави дописничката на МИА од Брисел.

— реклама —

И покрај вчерашните најавие на Фејсбук дека се преземаат конкретни мерки и се воспоставуваат таргетирани алатки на социјалната мрежа за да се спречат „штетни влијанија“ врз изборите за Европски Парламент во мај, Кинг наведе дека Европската Комисија смета оти се потребни дополнителни.

Тој ги поздрави досегашните напори на Фејсбук, но укажа на статистиките на самата компанија.

— реклама —

– Тие отстранија важен број на лажни налози но, според нивните сопствени податоци, три до четири проценти од постоечките профили сѐ уште се лажни, што значи, со оглед на бројот на профили, дека околу 80 до 90 милиони профили се лажни, сакаме мерки против тоа, изјави комесарот.

Фејсбук вчера најави дека се воведува нова алатка за идентификација на политички реклами на социјалната мрежа и отворање на оперативен центар во Даблин задолжен да ги мониторира изборите во мај.

Гугл, Твитер, Фејсбук и други го потпишаа кодексот за самоорегулација за спречување на ширењето на лажни вести, но ЕК смета дека сѐ уште се потребни напори, според еврокомесарката за дигитална политика, Мариа Габриел.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања