Промени тема
Контакт

Три физички напади пријавени во Скопје во еден ден

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Скопје
media-libraryns6bvf54ri3s5Dnmckx

Во текот на вчерашниот ден во Скопје биле пријавени неколку физички напади, информираа од Министерството за внатрешни работи.

— реклама —

Според МВР, денеска во 00:15 часот во СВР Скопје, 19-годишниот А.И. од селото Долно Количани пријавил дека на 9 мај околу 13:00 часот во селото Пагаруша бил физички нападнат од М.Ш., кој употребил тврд предмет.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

— реклама —

Истиот ден, во 22:10 часот, во СВР Скопје 57-годишната Е.Л. од Скопје пријавила дека околу 21:30 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од едно лице.

— реклама —

Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување и на овој случај.

Претходно, во 11:50 часот, 20-годишниот М.В. од Скопје пријавил дека околу 11:20 часот на подрачјето на општина Аеродром, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил физички нападнат од 45-годишниот Л.А. од Скопје.

По целосното документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, соопшти полицијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања