Промени тема
Контакт

Три години не можат да завршат 5 км реконструкција на автопат, вели Стоилковски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Stoilkovski-24.02.2022

Ова треба да е автопат, Државен пат А1, делница Петровец - Катланово, за којшто се плаќаат високи патарини, вели Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

„Заради неспособноста на ДУИ и помалиот партнер СДСМ, веќе трета година, ништо не е направено!

Трета година работат со брзина од 12% годишна реализација! Тоа е реализацијата на Благој Бочварски, министерот за транспорт и врски од СДСМ.

Трета година ништо не е сработено! 5 километри во должина, вкупно 10 километри во двата правци. трета година, на автопат има времен двонасочен режим на сообраќај.

— реклама —

Освен за фотографии на Бочварски и директорите за државни патишта, Зоран Китанов, а сега Ејуп Рустеми, друго ништо не е направено.

Почитувани, проектот е започнат пред 3 години, а требаше да е готов лани во јули, вредноста на проектот беше 7.2 милиони евра, пари обезбедсени од ЕБОР.

Со вакво темпо од 12% реализација годишно, на СДСМ ќе му треба уште 5 години да заврши реконструкција на 5 километри автопат во двата правци.

— реклама —

Реконструкција, а не изградба на нов автопат.

Почитуван,

— реклама —

Оваа делница е сликата за македонската економија на СДСМ, за лагите на СДСМ за капитални инвестиции, ова е сликата за негрижата и неспособноста на СДСМ на власт.

Со СДСМ нема иднина“, додава тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања