Во скопски Сарај, за три изборни места за првиот круг на претседателските избори имаше сомнежи за местење на избори. Податоците покажуваа дека за два часа, гласале и по 271 лице. Тоа би било невозможно, особено ако се има во предвид дека тоа е од 26 до 36 секунди по човек.
Најеклатантен пример е избирачкото место 2450 во с. Арнакиа каде во период од 11 до 13 часот гласале 271 лице што значи гласање по лице за 26 секунди.
Второ избирачко место е 2438 во село Глумово каде во периодот од 13 ддо 15 часот гласале 213 лица што значи гласање по лице за 33 секунди
Трето избирачко место е 2453 во Долно Свиларе каде во периодот од 11 до 13ч гласале 197 лица што значи гласање по лице за 36 секунди
Многу специфично е избирачкото место 2454 во с. Долно Свиларе каде за 24 гласови има помалку евидентирано гласови како вкупна бројка него излезеноста во 18 и 30. Исто така на ова избирачко место од 11 до 15ч гласале 293 лица од вкупно 526 и е гласано во овој период за 51 т.е 47 секунди по гласач.
Засега непознато е како на овие избори се одвива процесот на гласање, но и дали има зголемено присуство на полиција за превенција на изборни нерегуларности.