Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Три лица во Прилеп осомничени за насилство

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
tepacka-222

Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица поради основано сомневање да сториле кривично дело – Насилство од чл.386 ст.6  во врска со ст.3 и ст.1 од Кривичниот законик. Едно од лицата, 44-годишен прилепчанец, е лишен од слобода. Останатите двајца, на возраст од 23 и 18 години, се уште се недостапни за органите на прогонот.

Осомничените, на 19 август, во кафе бар во Прилеп, во група ја загрозиле сигурноста и извршиле грубо насилство врз едно оштетено лице. Тие без повод и причина физички го нападнале 21-годишникот додека седел во кафе барот. Потоа пред кафе барот продолжиле со нападот при што оштетениот се здобил со тешка телесна повреда, а во јавноста било предизвикано чувство на несигурност, загрозување и страв. Поради сериозноста на повредите оштетениот итно е пренесен на понатамошно лекување во Скопје.

— реклама —

По предлог од Основното јавно обвинителство Прилеп, судијата на претходна постапка на осомничените им определи мерка притвор во траење од 30 дена, која за двајцата осомничени кои се недостапни ќе почне да се пресметува од денот и часот кога ќе бидат лишени од слобода.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања