Три нови полициски службеници, вработени во МВР, позитивни на коронавирус. Овие вработени во МВР, како и уште 15 други службеници биле тестирани откако претходно, еден од нив појавил симптоми за присуство на коронавирусот. Овие лица изминатава недела престојувале во Охрид, поради извршување на работни задачи, а биле сместени во одморалиштето на МВР, во месноста Свети Стефан.
Од МВР велат дека дека четворица службеници од тестираните биле негативни, а за останатите 11 вработени се чекаат резултати. Сите биле припадници на Единицата за брзо распоредување. Останатите полициски службеници во моментов се наоѓаат во самоизолација. Епидемиолошката анализа теба да покаже кога и на кој начин се заразиле полициските службеници.
фото: Архива