Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Три мега скандали во еден ден ја тресат Владата, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија


„Владата на ДУИ и СДС ја претворија Македонија во ветена земја за криминал и корупција. А токму тие се на врвот на тој криминал. Нема ден да не помине а во јавноста да не излезе афера или коруптивен скандал. Тоа што во други земји се случува еднаш во годината, кај нас за жал стана секојдневие. Затоа Македонија е најсиромашна, најкорупмпирана и економски најлоша земја во Европа“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —


„Само вчера беа актуелни три коруптивни скандали. 40 милиони евра се дадени за лиценциран софтвер на компанијата на колегата на Ковачевски од факултетот каде што предаваше.

— реклама —


Во исто време компанијата која е донатор на ДУИ добила уште еден тендер, овој пат за регулирање на одводен канал во Арачиново, тендер вреден 1 милион евра.

— реклама —

И на крајот тајната одлука на владата за основање три нови друштва за приредување интернет игри на среќа, нешто што отвора сомнеж дека се задоволуваат бизнис интересите на високи функционери во Владата.


Коруптивните скандали се вртат како на филмска лента.

— реклама —

Во европска земја еден скандал од овие да се случи, владата веднаш би си поднела оставка, а кај нас мафијата на власт око не и трепнува. Фрлени се на крадење и на криминал затоа што знаат дека броени им се деновите. Мислат дека со измени на КЗ ќе се спасат од одговорност, но се лажат. Секој залак што го украле ќе им преседне, и за секој денар што го украле ќе одговараат“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Макфакс

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања