Промени тема
Контакт
Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK 2:18:21

Три нови трансплантации на бубрег, пациентите закрепнуваат без дијализа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Македонија
media-library078ss3q74ne0c5oNslq

На Универзитетската клиника за урологија неодамна беа извршени три нови трансплантации на бубрег, од кои две со органи од починат дарител и една од жив дарител. Со нив, бројот на трансплантации на бубрег годинава достигна 15, во споредба со 11 во текот на целата 2025 година.

— реклама —

Министерот за здравство Сашо Клековски ги посети пациентите заедно со националната координаторка за трансплантација, проф. д-р Биљана Кузмановска, директорот на Клиниката за урологија, д-р Башким Шабани, и директорот на Клиниката за нефрологија, д-р Никола Ѓорѓиевски. На пациентите им посака брзо закрепнување и долг живот со подобар квалитет, без потреба од дијализа.

— реклама —
— реклама —

Клековски упати благодарност до семејството на починатиот дарител за одлуката со која им овозможиле нова шанса за живот на други пациенти, како и до живиот дарител кој донирал бубрег за свој близок. Благодарност упати и до медицинските тимови и сите вклучени во координацијата на дарувањето и трансплантациите.

До крајот на годината се планирани уште три трансплантации на бубрег од жив дарител. Од Министерството за здравство потсетуваат дека дарувањето органи спасува животи, додека многу граѓани сè уште чекаат на листата за трансплантација.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања