Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Три скандали на Гинекологија за една недела, никогаш не било полошо, потребен е рестарт на здравството веднаш, алармира ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-45-4810PM

„Власта предводена од СДС и ДУИ направи пустош во сите области, меѓу кои и во здравството. Грижата на луѓето во власта предводена од СДС и ДУИ е сведена само на грижа за нивниот сопствен џеб и за сопствените интереси“, велат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат:

„Власта предводена од СДС и ДУИ за седум години власт направи пустош во здравството. Инвестиција немаше речиси никаква ниту во медицински кадар, ниту опрема, ниту инфраструктура.

— реклама —

Цената за негрижата на власта предводена од СДС и ДУИ ја плаќаат граѓаните. Цената за нивната негрижа која ја плаќаат граѓаните е многу висока. Особено скапо чини негрижата за постоечкиот медицински кадар, неинвестирање во нов медицински кадар. Дополнително, особено голем проблем е водењето грижа менаџерите да бидат исклучиво партиски лица без докажан минат труд.

— реклама —

Токму поради сите нивни пропусти јавноста за многу краток период, период од една недела е сведок на ужасни вести.

— реклама —

Скршена рака на новороденче, на новороденче му е исечен прст, починува новороденче, а потоа и мајката. Ова се само неколку вести за краток период, а сите се случиле на Клиниката за гинекологија и акушерство која е во рамки на кампусот клиники Мајка Тереза во Скопје.

Едно е јасно, од назадување во сите сегменти во здравството, особено во јавното здравство и низа немили настани, беше доволно!

Никогаш не било полошо време е да ги поразиме!

Приоритет на ВМРО-ДПМНЕ е итно рестартирање на здравствениот систем!“.

 

БОНУС ВИДЕО:

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања