Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Три земјотреси во еден час: Детали за потресите во Преспа кои се осетија во повеќе градови

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
Zemjotres34

Во изминатото деноноќие, телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, на 12.01.2024 година регистрираше серија земјотреси кои потекнуваат од епицентралното подрачје Преспа, од кои три се почуствувани од страна на граѓаните.

— реклама —
— реклама —

„Првиот земјотрес од оваа серија беше регистриран во 00 часот и 32 минути, чиј епицентар се наоѓа 120 km јужно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда ML3.8 и интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала. Освен вознемиреност кај граѓаните, според првичните податоци, материјални штети не се пријавени.

— реклама —
— реклама —

Вториот земјотрес се случи во 01 часот и 31 минути, чиј епицентар се наоѓа 124 km југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда ML3.3, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, додека третиот земjотрес е во 01 часот и 33 минути, чиј епицентар се наоѓа на 123 km југозапдно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда ML2.4 и интензитет II-III степени според Европската макросеизмичка скала“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања