Промени тема
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Трибина на ЛК СДММ Битола: Младите се и ќе бидат мост на евроатлантските перспективи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
DJI_0022

Локалниот клуб на СДММ од Битола, денеска организираше граѓанска трибина насловена ако „Младите – мост на европските перспективи“ на која младите дебатираа на повеќе актуелни теми, младинските политики, евроинтегративниот процес и перспективите што се отвораат за младите со членството во НАТО и интеграцијата во ЕУ, се вели во соопштението од СДСМ.

— реклама —

Во своето обраќање, претседателот на СДММ Дарко Каевски истакна дека СДСМ како одговорна партија гради партнерски однос со младите, бидејќи токму младите се тие кои треба да го продолжат патот кон ЕУ и НАТО, трасиран уште од денот на независноста.

Во изминатиот период покажавме дека со инкулзивност, посветенот и решителност можеме да градиме квалитетни малдински политики што во фокусот го ставаат токму младиот човек. За само една година, преку проектот Гаранција за млади само во три општини се вработија над 1.800 млади лица. Годинава, овој проект ќе се спроведува низ целата држава и очекуваме бројот на лица кои ќе добијат можност за вработување или практична работа да биде уште поголем.

— реклама —

Обезбедени се повеќе средства за поддршка на малите претпријатија и младите претприемачи а преку низа мерки се помагаат и младите земјоделци, посочи претседателот на СДММ Каевски.

Каевски ги повика младите да земат поголемо учество во процесот на создавање и спроведување квалитетни младински политики што позитивно ќе влијаат врз стандардот и ќе ги задржат младите во својата татковина.

- Ајде заеднички да се бориме за нашата иднина и да влијаеме што помалку млади да ја напуштаат државата, повика Каевски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања