Новинарот Бранко Тричковски преку социјалните мрежи му се обрати на претседателот Стево Пендаровски, кој побара организаторите на јавните собири во Тетово и во Чаир да бидат законски санкционирани за кршењето на законските одредби во однос на употребата на државното знаме и химна и знамињата и симболите на заедниците, со целосно игнорирање на симболите на државата.
„Куртизански претстави
Не, претседателе, Македонија не треба да брка големоалбански елементи по Чаир и во Тетово, тоа е така глупаво, туку треба да се справи со факторите кои систематски ја декапацитираат и десубјективизираат и ја прават згодна платфирма за куртизански претстави. Тие фактори се со сомнително потекло, но формално се регистрирани како партија за македонско национално единство. Би било убаво, уште повеќе, тоа е ваша, обврска, да кажете нешто на таа тема“, вели Тричковски.