Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Тричлено семејство трет ден заробено во пештера: пристигнуваат спасувачи, но ќе мора да испливаат дел од патот до слободата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Свет
1704704550-1704636338-Resevanje-iz-Krizne-jame6-copy-1024x576-1

Тричлено семејство и двајца водичи ја поминаа ноќта во пештерата Крижна јама, каде што се заробени трет ден по ред. Спасувачите денеска повторно ќе се обидат да ги спасат, а бидејќи водата се повлекла преку ноќ, шансите да бидат извлечени се зголемуваат

— реклама —

Како што изјави доцна синоќа за „N1 Словенија“, шефот на пештерата спасувачка служба Валтер Закрајшек, спасувачките екипи денеска околу 9 часот повторно се спуштиле во пештерата. Ако се биде во ред, тие ќе бидат спасени околу четири до пет часот попладне.

— реклама —

„Излегувањето од пештерата нема да биде лесно, ќе мора да испливаат дел од патот. Но, во текот на ноќта водата се повлекла“, пишува N1 Словенија.

— реклама —

Шефот на Спасувачката служба Валтер Закрајшек синоќа околу 22 часот и 30 минути изјави дека заробените се во добра психичка и физичка состојба.

„Имаат греалки и чекаат водата да паднеѓ за да можат да излезат од пештерата“, изјави Закрајшек за N1 и објасни дека, „ако имаат среќа, денеска ќе можат да ги извлечат заробениците од пештерата“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања