Фирмата „Тридотс ДОО“ тврди дека нема добиено грант од Фондот за иновации и технолошки развој. Тие посочуваат дека се основани крајот на октомври, а немаат ниту аплицирано за ваков грант.
„Ве известуваме дека Друштвото за консултации, трговија и услуги ТРИДОТС ДОО Скопје е основана на 25.10.2023 година, што може да се потврди од тековна состојба во Централниот регистар на Република Северна Македонија.
ТРИДОТС ДОО ниту има аплицирано, ниту има добиено грант од Фондот за иновации и технолошки развој“, велат од компанијата.
Тие посочвуаат дека се отворени за информации за да ги докажат нивните тврдења.