Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Трифонов ја исмеа Сиљановска-Давкова поради барањето прашањата да бидат на англиски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Балкан
slavi-trifonov1

Бугарскиот телевизиски водител и лидер на партијата „Има таков народ“, Слави Трифонов, упати остри критики и навредливи коментари кон македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова, откако таа побарала бугарските новинари да ѝ поставуваат прашања на англиски јазик за полесно да ги разбира.

— реклама —

Во своето обраќање, Трифонов ја нарече „северномакедонската претседателка“ и изјави дека нејзиниот потег бил „срамен“.

„Сѐ е јасно. Историски, географски, емоционално, ментално – сѐ е јасно. И е толку тажно. Но нивната претседателка, споменатата Гордана Сиљановска-Давкова, ме развеселува. Лично мене. И нејзиниот жален обид да ги натера бугарските новинари во Бугарија да ѝ ги поставуваат прашањата на англиски. Тоа е толку срамно“, изјави Трифонов.

— реклама —

Тој најави дека ќе ѝ упати „специјален поздрав“ преку, како што рече, верзија од една од неговите омилени бугарски песни од „македонскиот крај“, која вообичаено ја пеел пред илјадници луѓе.

— реклама —

„Овојпат, меѓутоа, е наменет конкретно за една личност – специјален поздрав за северномакедонската претседателка Гордана“, порача Трифонов.

Неговото обраќање беше пренесено од повеќе бугарски медиуми и предизвика реакции во јавноста, особено поради употребата на терминот „северномакедонска претседателка“ и квалификациите упатени кон шефицата на македонската држава.

— реклама —

Засега нема официјална реакција од Кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во врска со изјавите на бугарскиот водител.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања