Виктор Трифуновски:
ИНТЕРЕСНО... Како е политиката вмешана во целокупната македонска економија, вмешана до степен да не се знае каде завршува економијата, каде почнува политиката (читај партиите). Секое мешање на политиката се оправдува со наводни „евро-стандарди“ кои врска немаат со Европа. И кога ќе се деси рокање на банка, сите политичари се праат мутави, демек во пазарна економија (која речиси не постои во Македонија) нормално било да банкротира оној кој работи лошо.
Е НЕМОЖЕ ТАКА!

Банките во Македонија ни тоалетна хартија неможат да купат без дозвола на НБРМ, под притисок на Комисија за Хартии од Вредност задолжително мораат јавно да објавуваат како работеле во секое тромесечие... плус рекетирани се од сите партии кои се напикале по владините коалиции (дури и од помалите) натоварени се со неспособни кадри по партиско-роднинско-швалерски линии, плус имаат и кодоши од СДБ (Уште го памтам ќопавиот од Македонска Банка, кој по цел ден решаваше крстозбори, а сите му се плашеа)
И сега кога рикна Еуро-Стандард, тоа било случајно, нели? Политиката со тоа немала никаква врска, ниту НБРМ, сите чисти ко суза, нели? И тоа што во истиот ден рикнаа Бетон и Фени...и тоа било случајно. Случајно било и тоа што во истиот ден, функционери од СДСМ влегуваат во управниот одбор на Стопанска Банка...и тоа е случајно, нема влијание на никакви партии.
И ај што молчи Јавниот Обвинител, ништо чудно, правна држава никогаш не сме ни имале...него зошто молчи и Мицково ВМРО? Тоа само они си знаат!
Затоа политиката треба да се тргне комплетно од економијата, не политичарите од крупниот капитал, туку сите законски регулативи со кои државата го регулира БИЛО КОЈ БИЗНИС. Државата треба само да интервенира кога некој сака да украде, или да оштети клиент. Тоа е пазарна економија....не политичарите (па и нивните роднини) да бидат Бог и батина во големите корпорации кога има профит...а да се праат мутави кога тие ќе рикнат.
На македонската економија и требаат ликови како Хенри Рирден од АТЛАС, кој го преведов пред некој ден... а не нови Ѕинговци, Зоревци, Костовци, Камчевци, Амдиевци, Кочовци, Мијалковци, и остали тајкуни.
Ако Македонија нема такви претприемачи, треба да се создадат услови да дојдат од надвор...како што доаѓаат во Америка. Во средена држава, секој нормален човек сака да прави пари на чесен начин.