Машината за перење е еден од најкористените апарати во домот, но многумина забораваат дека и таа бара редовно одржување.
Влагата, остатоците од детергент и нечистотијата можат да создадат идеални услови за развој на мувла и непријатни мириси, кои подоцна можат да се пренесат и на облеката.
Експертите истакнуваат дека неколку едноставни навики можат да помогнат машината за перење да остане чиста, хигиенска и да трае подолго.
Оставете ја вратата отворена по перењето
Една од најчестите грешки е затворањето на вратата од машината веднаш по завршувањето на циклусот на перење. На тој начин влагата останува заробена во барабанот, што создава поволни услови за развој на мувла и бактерии.
Се препорачува вратата и фиоката за детергент да ги оставите отворени најмалку неколку часа по секое перење за внатрешноста целосно да се исуши.
Редовно чистете ја фиоката за детергент
Со текот на времето, во фиоката се наталожуваат остатоци од детергент и омекнувач. Тие можат да предизвикаат појава на мувла и непријатни мириси.
Извадете ја фиоката еднаш неделно или барем еднаш месечно и измијте ја со топла вода и четка за да ги отстраните наслагите.
Пуштајте празен циклус на висока температура
Најмалку еднаш месечно пуштете ја машината празна на висока температура (60 или 90 степени) со средство за чистење машини или со малку алкохолен оцет.
Ова помага да се отстранат бактериите, наслагите од детергент и непријатните мириси, а машината останува свежа и подготвена за следното перење.