Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Трипуновски: АД Водостопанство е со долгови и со блокирана сметка, а Николовски на скапа забава ја гостеше целата влада

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
tripunovski-vodostopanstvo

Додека довчерашниот министер Николовски и неговите другарчиња од владата правеа скапи коктели во министерството позади мене, земјоделците едвај врзуваат крај со крај, откупот на земјоделските производи нема или е по мизерни цени, а каналите за наводнување низ Република Македонија се неисчистени, истакна Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Додека Љупчо Николовски пие скапи вина вработени во АД Водостопанство немаат земено плата два месеци.

— реклама —

АД Водостопанство е со долгови и со блокирана сметка, а Николовски на скапа забава ја гостеше целата влада.

— реклама —

Заев, Николовски и новиот министер, на којшто ни името не му го знаеме треба да одговораат дали АД Водостопанство има долг кон ЕВН од 60 милиони денари, дали има блокирана сметка за над 13 милиони денари и дали има нови доспеани делгови од над 40 милионои денари?

— реклама —

Кога и како се направени овие долгови и како има пари за луксузирање , а нема пари за сервисирање на долговите и домаќинско работење на АД Водостопанство.

АД Водостопанство е блокирано поради неспособноста на менаџирање на кадрите на СДСМ. Каналите се неисчистени, нема резервни делови за опремата на претпријатието, ниту набавка за гориво за возилата.

Дополнително годишно претпријатието плаќа оперативен лизинг во висина од 83.000 евра за 14 возила кои за 5 години треба да ги врати во салон и дополнителни 10.000 евра за луксузното возило на директорот.

Ова е расипнипштво од невидени размери, ова е недомаќинско работење и трошење на народните пари на лични хирови и луксузирање. Одговорност за недомаќинското работење на владините функционери мора да има. Парите мора да одат за унапредување на земјоделството, а не за скапи коктели и долгови кои никој не знае кога и како се направени, истакна Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања