Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Трипуновски: АД Водостопанство нема пари за оспособување на каналите, a исплаќа астрономски плати

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
dsc001

Се наоѓаме пред АД Водостопанство, претпријатието кое што е одговорно за наводнувањето во Република Македонија. Имаме нефункционални канали за наводнување низ цела Македонија, иако земјоделската сезона е во полн ек, изјави Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„И додека АД Водостопанство нема пари за оспособување на каналите, истото претпријатие исплаќа астрономски плати.

— реклама —

Ова  е потврда за исплатена плата  од страна на АД Водостопанство кон свој вработен, од неа се гледа, дека месечната исплатена бруто плата изнесува повеќе од 100.000 денари, додека нето исплатената плата која ја добива на сметка е речиси 70.000 денари.

— реклама —

Почитувани, АД Водостопанство исплаќа плата од 1.150 евра плата на свој вработен, а нема пари за поправка и тековно одржување на каналската мрежа низа Република Македонија.

— реклама —

Расипнички се трошат вашите пари почитувани земјоделци. Вие исплаќате огромна сума на пари кон АД Водостопанство, а истото наместо да ви пружи услуга каква  што заслужувате дели плати од 1.150 евра на своите вработени.

И ако погледнете реално, плата од 500 евра има само за блиските луѓе нс власта, за земјоделците нема пари, тие немаат ни леб да јадат. Егзистенцијата на земјоделците е алармантна, а директни виновници за тоа се Зоран Заев и СДСМ.

Власта има пари за се, само за земјоделците нема. Ова набргу ќе се смени. Зоран Заев и СДСМ мора да си заминат. Ова е вистинскиот режим, кој мора да си оди. Потребна е влада која ќе се грижи за земјоделците, а ВМРО-ДПМНЕ ќе го направи тоа многу брзо“, изјави Трипуновски

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања