Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Трипуновски: Додека земјоделците го фрлаат својот род затоа што нема каде да го продадат, СДСМ ја полни администрацијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
Tripunovski-IZJAVA-2108-2

Додека земјоделците го фрлаат својот род затоа што нема каде да го продадат и не знаат како да го преживеат месецот, СДСМ ја полни администрацијата со партиски функционери кои земаат големи плати од парите на граѓаните.

Агенцијата која треба да се занимава со безбедноста на храната која се внесува и произведува во Република Македонија, Зоран Заев и Љупчо Николовски ја претвораат во партиско дувло. Во АХВ наместо професионалци се вработуваат претседатели на партиски ограноци на СДСМ и истакнати нивни членови, истакна Цветан Трипуновски - Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Изминатиов период во неколку наврати обелоденивме дека Зоран Атанасов и луѓето околу него во АХВ со несериозниот и нестручниот пристап го загрозуваат здравјето и животот како на добиточниот фонд во земјава, така и на луѓето.

— реклама —

Скандалот со антраксот, несоодветното менаџирање на проблемот со африканската свинска чума, како и пропустите во редовните проверки и испитувања се само и само заради партизацијата и политизацијата која што се случува на големо во АХВ.

— реклама —

Агенцијата е искористена како институција за вработување на Александар Гиноски, поранешен претседател на ОО СДСМ Ѓорче Петров, партискиот активист Александар Јованчев, кој е во често друштво на генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски.

Во Агенцијата, СДСМ го вработи и братот на градоначалникот на Пехчево, Драган Тренчовски, како и Никола Савовски, кандидат за советник во општина Центар од редовите на СДСМ. Атанас Бојчев е еден од поранешните директори на Државниот студентски дом „Скопје“, кој е префрлен да работи и раководи во АХВ.

Ова се само дел од партиските вработувања кои формираат мрежа на СДСМ во АХВ, институција која треба да биде симбол за врвен професионализам.

Ова сето се случува додека Димковски по диктат на Заев и Николовски шиканира професионалци и неистомисленици, преместувајќи ги да работат надвор од своето место на живеење, а во меѓувреме во институциите прима партиски активисти.

Ваквиот однос со клучни институции мора да стане минато. Да ставиме крај на несоодветниот третман на проблемите кои ги тангираат граѓаните на Република Македонија. Затоа потребни се предвремени парламентарни избори час поскоро, истакна Цветан Трипуновски - Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања