Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Трипуновски: Езерото Турија од која вода пие Струмица и се наводнува цело поле, заради неспособноста на Заев е испразнето

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
Slika-1

Се наоѓаме пред езерото Турија и од ова езеро се наводнуваат земјоделските површини во целата Струмичката котлина, но и се снабдува Струмица со вода за пиење. Поради неспособноста на Заев и од ова езеро како сите останати акумулации ширум Република Македонија е доведено во знак прашање, истакна Цветан Трипуновски од ВМРО ДПМНЕ.

Езерото Турија е доведено до степен на пресушување. Водата од езерото е намалена за повеќе од половина.

— реклама —

Зоран Заев ја става под знак прашалник претстојната земјоделска сезона.

— реклама —

Езерото Турија е од есенцијална важност за целиот регион.

— реклама —

Зоран Заев не смее да си поигрува со егзистенцијата на илјадници семејства кои што живеат од земјоделство и ги прехрануваат своите семејства.

Потребен е сериозен пристап со управување со водниот ресурс во Република Македонија.

Се што покажа власта е дека со аматеризам и трка за профит, при што страдаат граѓаните.

Сите езера ги пресушија, само за да произведат повеќе струја во летниот период, кога таа е поевтина, а сега не можат да произведат струја и увезуваат поскапа струја. Едноставно кажано, двоен трошок.

Државата и граѓаните се систематски и трајно оштетени. Токму затоа го повикуваме Зоран Заев да не си игра со водниот фонд во Република Македонија и доколку не знае да управува со истиот, нека се советува со експертите кои што нашата држава ги има, истакна Цветан Трипуновски од ВМРО ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања