Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Трипуновски: Господине Атанасов, кажете му на вашиот партиски шеф Зоран Заев, дека го уништи земјоделието во Република Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
tripunovski

Се наоѓаме пред дувлото на криминалниот октопод - централниот штаб на СДСМ, партија каде претседател на комисијата за земјоделие е Зоран Атанасов, човекот кој е пулен на Заев. Истиот оној човек кој две недели криеше од македонската јавност дека во Македонија има случај на антракс, истакна Цветан Трипуновски - член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателот на партиската комисија за земјоделие на СДСМ, Атанасов е човекот кој оваа година го остави добитокот во 22 дистриктни подрачја во Република Македонија невакциниран од антракс, а со тоа постои сериозна опасност оваа болест која што се пренесува и на луѓето да се рашири на целата територија на Република Македонија.

— реклама —

Негрижата на Атанасов е негрижа на СДСМ.

— реклама —

Атанасов со своето неодговорно однесување, го прекршил и законот според кој е должен да ги извести граѓаните кога има случај на антракс во државата. Тој тоа не го сторил и свесно го криел. Зошто, се уште не одговара.

— реклама —

Одговорност мора да има. Атанасов мора да си поднесе оставка. Нестручното и неодговорното однесување и управување со институциите покрај економските загуби во сточарството може да предизвика и човечки жртви.

Господине Атанасов, кажете му на вашиот партиски шеф Зоран Заев, дека го уништи земјоделието во Република Македонија . Сточарите се во без излез, полјоделците и овоштарите одамна во бездна. Земјоделецот го пониживте и затоа треба да си заминете. Предвремени избори веднаш. Оваа влада веќе нема капацитет да управува со Република Македонија, истакна Цветан Трипуновски - член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања