Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Трипуновски: Господине Атанасов одговорете, дали АХВ изврши вакцинација во 22 - те подрачја кои се под опасност од повторно појавување на антракс?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
tripunovski

Во Македонија постојат 22 подрачја на кои претходно имало антракс. Според информациите кои ги објавија медиумите оваа година не е извршено вакцинирањето во ниту едно од дистриктните подрачја во Република Македонија, истакна Цветан Трипуновски - член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Согласно процедурите властите се должни во рок од 20 години да вршат вакцинирање на подрачје каде еднаш се појавил антракс. Невакцинирањето е сериозна опасност болеста повторно да земе замав во нашата држава.

— реклама —

Господине Атанасов соберете храброст и одговорете, дали оваа година АХВ изврши вакцинација во 22 - те подрачја кои се под опасност од повторно појавување на антракс? Доколку не, зошто не, и кој ќе сноси одговорност за таквото неодговорно однесување на вас како институција?

Господине Атанасов дали АХВ  ја има известено СЗО за здравјето на животните, како и системот за известување на болести на животните на ЕУ за појавата на антракс во Република Македонија?

— реклама —

Недозволиво и неодговорно е што две недели криевте од граѓаните дека во нашата држава има антракс. Дали ова го правевте затоа што воопшто немате извршено годишна вакцинација против оваа сериозна заразна болест?

— реклама —

Господине Атанасов соберете сили и направете храбар чекор. Поднесете си оставка. Не може човек кој молчел две недели дека кај стоката кружи смртоносно заболување, кое може да биде пренесено и на луѓето да ја води АХВ.

Наместо бледи пресконференции, оправдувања и минимизирање на сериозноста по здравјето на луѓето и добитокот од оваа опасна болест  граѓаните очекуваат од вас одговорност, веднаш и сега, истакна Цветан Трипуновски - член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања