Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Трипуновски: Господине Заев, кому му ветивте маркица за кафана, ресторан или спортски терен во сред струмичко, кочанско или пелагониско поле?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
Cvetan-Tripunovski

Зоран Заев и СДСМ наместо да обезбедат откуп и подобри откупни цени на земјоделските производи, со новиот Закон за земјоделско земјиште им даваат можност на нивните партиски шефови да градат кафани, ресторани и спортски терени дури и на земјоделско земјиште од прва категорија. Ова значи дека среде кочанско, струмичко или пелагониско поле наместо садење подобри култури и подобрување на условите за одгледување на земјоделски култури ќе никнуваат кафани и ресторани. Ова не е во полза на земјоделците, ова е во полза на партиските моќници на СДСМ, истакна Цветан Трипуновски - член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Дури и министерот Димковски на денешната прес конференција не веруваше во лагите кои ги читаше и не успеа да го покрие криминалот кој што ќе се случува во иднина со земјоделското земјиште во Република Македонија.

— реклама —

Господине Заев, кому му ветивте маркица за кафана, ресторан или спортски терен во сред струмичко, кочанско или пелагониско поле? Кој треба да се офајди и за кого правите дупки во Законот за земјоделско земјиште?

— реклама —

Со новиот Закон за земјоделско земјиште и измените во делот на градење, не се помага на земјоделците, чии реални потреби се изградба на земјоделски објекти, помошни објекти за вршење на земјоделска дејност како силоси и складишта и други објекти, туку се отвора можност за изградба на угостителски објекти и објекти за спортско рекреативни активности на земјоделско земјиште.

— реклама —

Почитувани,

Според сите нормативи, но и се поголемата потреба од земјоделско земјиште и производство на храна за одржување на земјоделското земјиште врвен приоритет во светот е истото. Истото треба да се користи за производство на храна, а не за подигање на кафеани, ресторани, хотели, спортски терени и други објекти од неземјоделска дејност.

Почитувани,

СДСМ две ипол години со прст не мрдна  да го подобри откупот и да влијае на зголемување на откупните цени на земјоделските производи во Република Македонија. Сега СДСМ откако сите земјоделци ги исекоа своите стебла јаболка, сливи и други земјоделски култури се расфрлаат со чист популизам преку новиот Закон земјоделско земјиште, без кои не нудат конкретни решенија.

Ветуваа сигурен пласман и откуп на земјоделските производи,  две ипол години земјоделците плачат од безидејноста на СДСМ и кадрите на СДСМ.

Нема подобри услови за земјоделците, нема откуп, нема повисоки откупни цени за земјоделските производи, има само криминал и обиди за изигрување на постоечките закони од страна на власта во име и само во интерес на луѓето блиски до СДСМ, истакна Цветан Трипуновски - член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања