Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Трипуновски: Граѓаните се уште не знаат дали е преземено се што е потребно за да се превенира ширењето на Африканска свинска чума

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
Cvetan-izjava

Неодговорното однесување на власта го доведува во прашање здравјето на граѓаните и безбедноста на сточниот фонд во Република Македонија. Две недели поминаа откако во државата е утврдено присуство на болеста Африканска свинска чума во увезено свинско месо, а граѓаните се уште не знаат дали е преземено се што е потребно за да се превенира ширење на ова заразно заболување, истакна Цветан Трипуновски - член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Неодговорната власта предводена од СДСМ, и АХВ раководена од Зоран Атанасов, кадар на Зоран Заев, нестручно и крајно несериозно чекале една недела од влезот на заразеното месо во државата за да земат мостри од истото.

— реклама —

Дали заразеното месо дошло во контакт со други пратки кои биле во складиштето!? Колку уште случаи на Африканска свинска чума ќе излезат во јавност како последица на неодговорноста на власта!?

— реклама —

Зоран Заев и Зоран Атанасов мора да дадат одговори до каде е истрагата за потеклото на увезеното месо и дали се преземени сите неопходни мерки за да се спречи ширењето на вирусот на Африканска чума кај свињите во Македонија?

— реклама —

Власта мора да одговори дали за да овозможи нечии милионски бизниси го доведува здравјето на граѓаните и безбедноста на сточниот фонд во опасност!?

Неодговорниот однос при пристапот со Африканската свинска чума во период кога истата беснее на секаде во регионот и е потенцијална опасност за влез и ширење на болеста во Република Македонија,со што директно се загрозува свињарството и производството на домашно свинско месо е недопустлив.

Зоран Заев и Зоран Атанасов се на чекор да направат 100 милиони евра штета врз домашното стопанство. Апелирам во овие неколку месеци кои им остануваат како власт да не прават непромислени чекори.

Земјоделството не може да издржи уште една катастрофа, истакна Цветан Трипуновски - член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања