Она што изминатиов период во посетите на сите населени места каде што се произведува тутун и на моето апелирање дека има сериозен проблем во делот на откупот на тутун за жал денеска еве преку медиумите се информирав дека тутунарите од прилепскиот, долненскиот и Кривогаштани делот излегле на протести и си ги бараат своите права.
Јас на тие посети кои што ги имав по населените места апелирав до актуелниот министер и до инспекторатот дека има сериозни отстапки во делот на откуп на тутунот за злоупотребување на процедурите, истакна Цветан Трипуновски – дополнителен заменик министер за земјоделство,
шумарство и водостопанство.
Имаме откупни компании кои што своите пунктови ги имаат повлечено иако имаат актуелни односно активни договори со тутунари од тој регион а имаме нереална проценка на производството на тутун односно тутунот се цени со неколку класи погоре што е класична манипулација и потценување на трудот на тутунарите.
Исто така минатата недела на мое барање бев и кај директорот на Земјоделскиот инспекторат на кој што ги укажав овие согледувања од терен и апелирав да се направат вонредни контроли и да се едноставно таа институција која е најповикана да биде гарант дека откупот ќе биде како што треба односно согласно законите и процедурите.
Меѓутоа морам да кажам дека постојано бев заобиколуван односно и актуелниот министер и инспекторатот не ме сфаќаа за сериозно дека има сериозен проблем на терен и еве денеска гледаме дека има некои што протестираат.
Ја користам оваа прилика уште еднашка да укажам дека треба да ги засукаат ракавите и да излезат на терен и инспекторите и министерот со дијалог со откупните компании да се надминат овие несогласувања се со цел да се откупи и последниот килограм тутун, затоа што крајно време е да се стопира потценување на маката на земјоделецот во конкретниов случај на прилепските односно тутунарите од Р. Македонија, истакна Цветан Трипуновски – дополнителен заменик министер за земјоделство,шумарство и водостопанство.
фото: Архива