Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Трипуновски: Механизацијата на Водостопанство наместо за чистење канали, се изнајмува на приватни фирми за багателни цени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
vodostopanstvo

Откако вчера Љупчо Николовски Путерот се обиде да си ја одбрани неспособноста криејќи се преку млако партиско соопштение од СДСМ дека наводно се грижел за македонското земјоделство, за земјоделците, денеска почитувани недомаќинското и криминално работење на Путерот со АД Водостопанство продолжува, вели Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Имено, до мене пристигна документ одлука од кој се гледа дека механизацијата во сопственост на АД Водостопанство наместо да се користи за чистење на каналите за наводнување се со цел подобра дистрибуција на вода до корисниците, се користи за црпење на песок на локации кои се дадени на приватни фирми.

— реклама —

И не само тоа, туку истата механизација која се изнајмува на приватните фирми согласно одлуката е за многу пониска цена од пазарната. Па така ако за изнајмен багер приватните фирми му плаќале на АД Водостопанство за работен час од 3000 денари одн.30-60 денари за м3, додека за истиот багер да се изнајми од приватна фирма тоа чини од 6000 до 7000 денари за еден час работен.

Или во превод приватните фирми му плаќале на АД Водостопанство дупло помали цени од пазарните!!!!

— реклама —

Од тука логично се поставува прашањето кои се фирмите кои ја користат механизацијата на АД Водостопанство?

И дали разликата од тоа колку се плаќа, а колку навистина е реалната цена за користење на механизацијата во сопственост на АД Водостопанство оди во џебот на Љупчо Николовски или некој од власта?

— реклама —

Ваквото криминално работење е јака страна на Николовски и власта.

Се надевам дека за ова ќе имаат добро образложение и наместо млаки партиски соопштенија во стилот на Николовски, ќе се одважи соодветно да одговори од некоја песочна плажа од соседството. Или пак можеби ќе го прекини незаслужениот одмор и ќе се врати да изнајде решение за вработените од АД Водостопанство кои веќе два месеца се без плата и без платено здравствено и пензиско осигурување.

— реклама —

Николовски доаѓа време кога земјоделците ќе ја казнат твојата неспособност.

Доаѓа време на промени и одговорност“, додава тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања