Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Трипуновски: Младите земјоделци девет месеци чекаат известување дали се избрани или не за грант од 10.000 евра

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
tripunovski

Младите земјоделци апликанти за мерката млад земјоделец која платежната агенција ја објави  уштево октомври 2018 година се уште чекаат одговор.

Веќе девет месеци чекаат известување дали се избрани или не за грант од 10.000 евра.

— реклама —

Иако власта со објавување на огласот во дневниот печат се обврзала одлуката за тоа кој е избран, а кој не, да ја донесе во рок од три месеци, сега и по цели девет месеци од објавувањето на повикот немаме никаков епилог, истакна Цветан Трипуновски - член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Стотина можеби и илјада млади земјоделци се во неизвесност и не знаат како да ги распоредат планираните средства за инвестиција.

— реклама —

Власта издиша. Буквално се посрамоти. Се редеа Љупчо Николовски, Стефан Богоев и кој ли уште не, да не убедуваат колку успешно ќе го терале овој проект, сега откако ништо не мрднаа од мртва точка никаде ги нема, првиот додуша се сокри и избега на Бихачка, затоа што ништо од она што го ветуваше како министер не исполни.

Ништо подобар не е ни неговиот наследник Димковски.

Ги прашуваме министерот Димковски и директорот на платежната Бабовски има или не средства во програмата за оваа мерка? Доколку има зошто е во застој, доколку нема, зошто нема иако е ветено и распишан повикот?

Дополнително треба да одговорат Николовски, Димковски и Бабовски дали чекаат да се доиспразнат македонските села, па да нема на кого да ги исплатат средствата или пак чекаат одлука на локалните ограноци на СДСМ,за тоа да кажат кого е подобен а кој не.

Почитувани,

На земјоделците сте им преку глава. Земјоделецот го донесовте на питачки стап, луѓето немаат леб да јадат, а вие се луксузирате во удобните климатизирани канцеларии.

Време е за оставки.

СДСМ носи само стагнација на македонскиот аграр затоа немојте да се мачете , и немојте да  ги мачете ни македонските земјоделците. Заминете си додека е време, истакна Цветан Трипуновски - член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања