Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Трипуновски: МЗШВ предвидува дополнителни 25.000 евра за купување на мебел и нови 150.000 евра за купување на автомобили

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Дополнителни средства за кожни фотелји и автомобили, а помалку пари за земјоделците, ова се предвидува со ребалансот на буџетот во делот на МЗШВ. Додека земјоделците мака мачат како да најдат откуп за произведеното, додека ги чекаат ветените субвенции и мерките за дополнителна помош, Зоран Заев со неговиот ребаланс во делот на МЗШВ предвидува дополнителни 25.000 евра за купување на мебел и нови 150.000 евра за купување на автомобили, изјави Цветан Трипуновски - член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Заев и Димковски кратат и неверојатни 20 милиони евра од ставката за рурален развој од буџетските средства на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството. Тоа се пари за унапредување и модернизација на земјоделството.

— реклама —

Ветуваа многу, не реализираа ништо. Откуп нема, земјоделските производи завршуваат на буниште. Земјоделците немаат пари, ниту да си ги изораат нивите, а не пак да преживеат.

— реклама —

Оваа власт крати 1.5 милиони евра и од ставката за водостопанство, каде изминатиов период имаше сериозни проблеми кој што нанесоа огромна штета на земјоделското производство.

— реклама —

Откако дојдоа на власт до денес, немаат реализирано ниту еден проект во водостопанството, како што проаѓа времето така гледаме дека и воопшто немаат план нешто да направат во овој сегмент.

Почитувани,

Пред извесно време обелоденивме дека програмата за финансиска поддршка во земјоделството е во минус од 65 милиони евра, а денес гледаме дека со ребалансот не се одвојуваат пари за земјоделието, тоа значи дека земјоделците и понатака ќе ги чекаат ветените субвенции.

Со ова власта уште еднаш покажува дека земјоделството и македонскиот земјоделец не се во фокусот односно земјоделците како и до сега сами ќе мора да се снаоѓаат во решавањето на своите секојдневни проблеми.

Со СДСМ земјоделието не може да тргне од мртва точка.

СДСМ мора да си замине. Затоа потребни се брзи предвремени парламентарни избори, изјави Цветан Трипуновски - член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања