Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Трипуновски: Над 70 вработени во шумската полиција се прераспределени на работни места надвор од нивното место на живеење

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
Cvetan-Tripunovski

СДСМ ги шиканира вработените во МЗШВ. Над 70 вработени во шумската полиција се прераспределени на работни места надвор од нивното место на живеење.

Трајан Димковски по налог на Зоран Заев шиканира партиски неистомисленици, симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ, но пред се професионалци вработени во Секторот Шумска полиција.

70 администратори и шумски полицајци веќе една недела одат на работа оддалечена и над 50 километри од нивното место на живеење, истакна Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

За апсурдот да биде поголем се преместуваат вработени од еден во друг град со образложение, зголеми обем на обврски. А се што прави власта е само размена на луѓе, без дополнување и дополнително образложение.

— реклама —

Шиканирањето и мобингот нема да заплашат никој. Граѓаните се помотивирани од било кога. СДСМ паѓа и ниту една манипулација и панична реакција нема да ги спаси.

— реклама —

ВМРО-ДПМНЕ им нуди на сите вработени во јавниот сектор кои се шиканирани од власт бесплатна правна помош од страна на правната комисија на партија, кој ќе може да ја добијат во секој еден штаб на партијата, секој работен ден од 17-19 часот.

Времето за притисоци заврши. Доаѓа време за одговорност, истакна Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања