Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Трипуновски: Најавената дополнителна субвенција која што требаше да се исплати до 30-ти јуни се уште не е исплатена

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
zemjodelci

Денеска сум во Преспа и Преспанскиот регион на која што одржав средба со јаболко производителите и земјоделците од овој регион. На дискусијата што ја имавме главниот проблем и главниот акцент се стави на неисплатените субвенции кои што ги најавуваше Зоран Заев и Николовски тоа време, истакна Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Земјоделците ме информираа дека најавената дополнителна субвенција која што требаше да се исплати до 30-ти јуни се уште не е исплатена. Земјоделците и јаболко производителите апелираат до министерството и до Зоран Заев веднаш и сега да ги исплатат ветените субвенции. Бидејќи земјоделците се наоѓаат во една незавидна ситуација. Немаат основни средства за одржување на постоечките насади, а не пак за егзистенција на своите семејства и своите најблиски.

— реклама —

Апелираат дека оваа ситуација е крајно алармантна затоа што ветените средства не ги добија до кога што требаше. Исто така на овие средби беше упатено дека ако во наредниот период не се исплатат субвенциите кои што ги ветуваа, земјоделците ќе бидат приморани својот револт да го искажат на улиците преку протест. Затоа што веќе се манипулираат повеќе од две години. Во предизборието ветуваа откуп и сигурен пласман на јаболката, ветуваа поголеми откупни цени, ветуваа дека откупувачи ќе се тепаат во овој регион и дека Зоран Заев и Николовски имаат план и визија за Преспанскиот регион.

— реклама —

Две години после тоа катастрофата која што се случуваше во Преспанскиот регион бевме сите сведоци. Преку 40 илјади тони јаболка останаа неоткупени, се фрлија по каналите и по езерото. На повидок е еколошка катастрофа. Затоа на оваа средба апелираат дека веднаш и сега треба да се исплатат дополнителните субвенции од три денари. Рокот беше 30-ти јуни, а денеска сме 8-ми јули, пари на своите сметки немаат.

— реклама —

Исто така сакам да потенцираме дека Зоран Заев, Николовски и новиот министер Димковски дека земјоделците им се на дното на приоритетната листа, или ќе ги решаваат проблемите и ќе работат земјоделците или треба да ги напуштат своите позиции. Затоа што крајно време е  да престанат да го уништуваат македонското земјоделство.

ВМРО-ДПМНЕ има визија, план и проекти за подобро македонско земјоделство, за достоинствен македонски земјоделец, затоа што македонските земјоделци тоа го заслужуваат, истакна Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања