Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Трипуновски од Охрид: Владата не се грижеше за Охридското Езеро и рибниот фонд

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
tripunovski

Согласно моите активности сум во охридско и најнапред сакам на сите граѓани да им го честитам празникот Св. Наум, да посакам среќа, здравје и успех во нареднава година, истакна Цветан Трипуновски - дополнителен заменик министер во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Она што сакав да го потенцирам од средбите кои што ги имав денеска во охридскиот регион е негрижата која што ја имаа Владата кон Охридското езеро, поточно кон рибниот фонд. Само за потсетување минатата година за прв пат после основањето на хидробиолошките завод од 1935 година, минатата година не се изврши порибување на Охридското езеро. Тоа е една катастрофална ситуација каде што практично го доведуваме до знак прашање рибниот фонд кој што постои овде.

— реклама —

Исто ака во разговорите и информациите кои што ги добив е сомнителниот начин на порибување на Охридското езеро со јагула, каде што набавката беше извршена од Компанија ЕЛЕМ.

— реклама —

Согласно моите овластувања како дополнителен технички министер во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство овие две активности ќе ги проверам и во наредниот период ќе ја информирам јавноста за сите злоупотреби и несериозен однос кој што го прави владата во делот на Охридското езеро, едно од природните богатства кои што ги има Република Македонија.

— реклама —

Оттука заминувам во Ресен каде што ќе имам средба со јаболко производителите, со овоштарите и ќе разговараме за актуелните проблеми кои што ги имаат и оние проблеми кои што ги имаа изминатиот период, истакна Трипуновски.

фото: ВМРО ДПМНЕ.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања