Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Трипуновски: Откако СДСМ е на власт речиси секоја земјоделска култура наместо на пазарите завршуваше на буниште

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
tripunovski-26-08-2019-tripunovski

Ситуацијата во земјоделскиот сектор во Република Македонија е повеќе од алармантна. Постојано гледаме како земјоделците си ги бараат ветените субвенции. Сведоци сме дека изминативе години додека СДСМ е на власт речиси секоја земјоделска култура наместо на пазарите завршуваше на буниште, истакна Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Сакаме да укажеме и да ја информираме јавноста дека реалната ситуација со македонското земјоделие е очајна и дека земјоделецот е доведен на работ на егзистенцијата.

— реклама —

Доказ дека земјоделците се оставен сами на себе е фактот што со последната измена на Програмата за финансиска поддршка во земјоделството, која што е објавена во „Службен весник“, во мерката 11 која се однесува на заостанатите обврски, бројката е повеќе од алармантна. Речиси 65 милиони евра се во ставката заостанати обврски. Потенцираме 3 милијарди 979 милиони 766 илјади денари е минусот во програмата за финансиска поддршка во земјоделството, кои што се направени од страна на СДСМ за период од 2017 и 2018 година.

— реклама —

Тоа значи дека лозарите од Тиквешијата, јаболкарите од ресенскиот регион, оризарите од кочанско, градинарите од струмичкиот регион и сточарите од цела Република Македонија со ваквиот минус во програмата нема да ги добијат ветените субвенциите кои што ги очекуваат со денови, а за нив живот значат.

— реклама —

ВМРО-ДПМНЕ во изминатиов период постојано апелираше и повикуваше власта да има сериозен пристап кон македонското земјоделство. Напротив власта се луксузираше, трошеше милиони евра на непотребни забави и се правеше глува на потребите на најголемата категорија граѓани во Република Македонија, а тоа сте вие почитувани земјоделци.

Почитувани,

Заев дојде на власт манипулирајќи ги земјоделците дека ќе обезбеди сигурен пласман и високи откупни цени за земјоделските производи. А, Заев и Николовски ветуваа редовна исплата на субвенциите и нивно покачување. Ништо од тоа денес не е случај.

Земјоделците го видоа вистинското лице на Заев, Николовски и нивниот пулен Димковски.

Крајно време е земјоделците да го добијат пристапот и посветеноста која што ја заслужуваат. За тоа да се случи потребни се брзи, итни предвремени парламентарни избори во Република Македонија. Време е за обнова во Македонија, истакна Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања