Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Трипуновски: Прашуваме, како се чувствувате Заев , Николовски и неговиот министер Димковски 500 фамилии немаат за леб?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
tripunovski

И денес молк во владата и во АД Водостопанство. И наместо некој да сноси одговорност, тие на ангро трошат државни пари за коктели во време кога претпријатието не може да подели плата веќе два месеци, истакна Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Прашуваме, како се чувствувате господине Заев? Кога заедно со Николовски и неговиот министер Димковски 500 фамилии немаат за леб, а вие пиете скапи вина и се луксузирате. Зарем не е срамота и нехумано?

Прашуваме, наместо вашите 500 евра ветени плата, денес имаме 500 фамилии без плата. Дали ова е новата мерка која што ја воведува СДСМ?

Прашуваме, дали е потребно некој да се разболи, и да не може да си го покрие лекувањето за да пуштите плата?

— реклама —

Прашуваме, дали е потребно на некој да му биде запленета куќата поради неможноста да си ја плати кредитот за да вие пуштите плата?

— реклама —

Што треба да се случи господине Заев, за 500 вработени во АД Водостопанство да си ја земат чесно и поштено заработената плата?

За ова нечовечко однесување некој мора да сноси одговорност, истакна Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања