Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Трипуновски со апел за исплата на заостанатите плати на работниците во ЈП Македонски шуми

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
Cvetan-Tripunovski

Околу 3000 вработени во ЈП Македонски Шуми, два месеци се без плата и платени придонеси за пензиско и здравствено осигурување. Тоа се речеси 3000 семејства на кои им е загрозена егзистенцијата. Во ек на светска пандемија, покачени трошоци за живот и општ хаос 3000 наши сограѓани се соочуваат со мака како да го преживеат месецот, тоа се луѓе со кредити, со разни други давачки, на некој од нив ова им е единствен приход за живеачка, напиша на својот ФБ профил дополнителниот заменик министер за замјоделство шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски.

— реклама —

Министерот во продолжение на својата објава додава:

Да не се исплати плата за два месеци е крајно неодговонорно, нехумано и недомаќинско работење од страна на менаџерскиот тим на ЈП Македонски Шуми.

— реклама —

Каде се парите за плата на овие луѓе!? Доколку нема зошто се примаат нови и се штанцаат нови огласи за партиски вработувања!? Доколку има, каде завршиле и зошто не им се исплатени на работниците!?

— реклама —

3000 семејства не смее да останат без егзистенција. Платите на вработените во ЈП Македонски Шуми мора да се исплатат, напиша Трипуновски на ФБ.

— реклама —

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања